Најмалку 50 автомобили учествуваа во голема сообраќајна несреќа на автопатот М-11 во Новгородската област, објави шефот на регионот Андреј Никитин на својот канал Телеграм. Според последните информации, во несреќата загинале четири лица, јавува руската државна новинска агенција Тасс.
„На автопатот М-11 се случи масовен судир во кој учествуваа околу 50 автомобили. Има жртви. Сега регионалните служби ја обезбедуваат сета расположлива помош. Ќе воспоставиме точка на местото на несреќата каде што луѓето ќе можат да се загреат, а ќе добијат и топол чај и сендвичи“, рече тој.
🇷🇺🚗 Trágico accidente de tráfico masivo en #Rusia
Unos 30 autos chocaron en un accidente de tráfico masivo en la autopista M-11 en la región rusa de Nóvgorod. Al menos 4 personas perdieron la vida, incluido un menor de edad, informan las autoridades. La vía se encuentra… pic.twitter.com/31AeJjiVnp
— Karlita °*Chavistamente*° 28K (@kb_ql22) January 8, 2024
Претходно прес-службата на Државната инспекција за безбедност во сообраќајот извести дека се судриле приближно 30 автомобили. Инаку, автопатот М-11 ги поврзува Москва и Санкт Петербург, двата досега најнаселени руски града. Во моментов во прекин е сообраќајот во правец на Москва.
На местото на несреќата пристигнале вработени во Министерството за вонредни состојби, Државната инспекција за безбедност во сообраќајот и Истражната комисија. Обвинителството покрена истрага за големата несреќа.