На социјалните мрежи се појавија драматични снимки од поплавите кои го уништија мостот Паипорта во Валенсија. Реката се излеа од коритото, а мостот се урна под силата на надојдената вода додека луѓето шокирани гледаа како се рони бетонската конструкција. Уличните светла на мостот накратко трепкаа пред да излезат и исчезнат во поројот.
Метеоролошката асоцијација АВАМЕТ објави видео на платформата Х со предупредување до граѓаните да бидат многу внимателни во близина на реките и клисурите бидејќи водата доаѓа од други области.
Pareix que la riuada s'acaba d'emportar un pont a Paiporta. Impressionant! Ens arriba el vídeo per WhatsApp i desconeixem l'autor.
Molta precaució a les rambles, rius i barrancs. A Paiporta no plou però l'aigua els arriba de més cap amunt. pic.twitter.com/LPWrqFtdCQ
— AVAMET (@avamet) October 29, 2024
Најмалку 64 лица загинаа во невремето и поплавите што го погодија источниот дел на Шпанија, кои властите ги опишаа како најтешките поплави во последните триесет години. Невидени дождови предизвикаа уништување во регионот на Валенсија, покривајќи ги патиштата и градовите со вода.
Властите во централниот регион Кастиља Ла Манча известија дека во невремето загинале две лица, додека уште неколку се водат како исчезнати.
На социјалните мрежи беа споделени бројни видеа на кои се гледаат луѓе заробени во надојдените води, а некои се качуваат по дрвја за да се спасат.
Една од највпечатливите слики покажува како луѓето излегуваат од своите автомобили за време на поплавата и се качуваат на покривите додека водата ги носи.
People cling desperately to their car roofs as severe floods sweep them away. 😨#DANA #Valencia #SpainFloods #Picanya #Paiporta #Lluvia #Chiva pic.twitter.com/fqXtP35XOJ
— World Crisis Report (@WorldCrisisRepo) October 30, 2024
На автопатот во регионот на Валенсија се забележуваат ужасни сцени, како од филмови за катастрофа. Стотици пропаднати автомобили, некои на покривите, некои наредени еден врз друг, некои заглавени на огради…
Спасувачките екипи во текот на ноќта со гумени чамци ги пребаруваа поплавените подрачја и успеаја да спасат неколку луѓе, што го покажаа и телевизиските снимки од градот Утиел. Службите за итни случаи сè уште прават напори да стигнат до најтешко погодените области, додека десетици луѓе се уште се водат како исчезнати.
Tal que una peli apocalíptica. #Valencia 🤍🤍🤍 pic.twitter.com/X1Voe4D4fR
— Lola Sánchez Caldentey (@LolaPodemos) October 30, 2024
Премиерот Педро Санчез изрази сочувство до семејствата на исчезнатите и загинатите и вети дека ќе ги обнови уништените села и градови.