ВИДЕО Уништени милион дози на Астра-Зенека

by Фокус

Во Нигерија беа уништени нешто повеќе од милион дози на вакцината од Астра-Зенека, бидејќи не биле искористени во рокот предвиден за употреба.

Нигериските власти чинот на уништувањето го организираа со присуство на медиумите, сакајќи на јавноста да ѝ покажат дека Владата се грижи за квалитетот на вакцините, со цел да ја зголеми довербата кај населението во планот за имунизација.

– Уништивме 1,064.000 дози на вакцини од Астра-Зенека и бевме целосно транспарентни како што ветивме. Битно е луѓето да знаат дека се грижиме за квалитетот – изјави Фајзал Шуаиб, директор на Дирекцијата за здравствен развој во Нигерија.

Поврзани новости