Во окупираниот Крим, украински агенти разнеле автомобил во кој бил капетанот на 1 класа на руската Црноморска флота, пренесува „Киев пост“, кој објави и видео од разнесениот автомобил.
Истиот медиум ја пренесува изјавата на локален новинар, кој рекол дека „Мосад на крајот ќе изгледа како Телетабис во споредба со украинската верзија на Мосад“, алудирајќи на успешните напади на израелската шпионска агенција врз членовите на Хезболах во Либан.
Украинските медиуми јавуваат дека е убиен капетанот на руската морнарица Валериј Транковски, командант на 41-та бригада на ракетни бродови на руската Црноморска флота. Нејзините бродови истрелаа стотици проектили врз украинските градови во последните три години.
A car bomb likely planted by Ukrainian agents in Sevastopol, occupied Crimea, killed Russian Navy Captain Valery Trankovsky, commander of the Russian Black Sea Fleet’s 41st Missile Ships Brigade. His ships fired hundreds of missiles at Ukrainian cities in the last three years,… pic.twitter.com/NPlb5UeTO2
— Yaroslav Trofimov (@yarotrof) November 13, 2024
Михаил Развозаев, рускиот гувернер на пристанишниот град Севастопол во окупираниот Крим, изјави дека утрово биле повикани службите за итна помош поради извештаите за експлозија и пожар во автомобил.
Во автомобилот имало и возач кој бил „брзо евакуиран“, но од повредите починал на лице место, рече тој, потврдувајќи дека се работи за припадник на руската армија.
In Russian occupied Crimea, a Captain of 1st rank of Russia's Black Sea Fleet has been blown up in his car.A local reporter has suggested that "Ukraine's version of Mossad will eventually make Mossad look like the Teletubbies". pic.twitter.com/CQAF3AIAGH
— KyivPost (@KyivPost) November 13, 2024
Развозаев рече дека се истражува причината за експлозијата.