Украина ја нападна руската територија со најмалку 13 проектили и 84 беспилотни летала, предизвикувајќи пожар во нафтена рафинерија во јужниот дел на Ростов, кој гореше со часови, соопштија руските власти.
Додека Русија напредува со своето најбрзо темпо од почетокот на војната во 2022 година, Украина се обидува да ја нападне руската нафтена инфраструктура која финансира значителен дел од воената економија на Русија. Руската противвоздушна одбрана собори 84 беспилотни летала над руските региони, вклучително и 36 над регионот Ростов, соопшти Министерството за одбрана.
Вршителот на должноста гувернер на Ростов, Јуриј Сљушар, рече дека Украина го погоди регионот со најмалку 13 проектили и десетици беспилотни летала, предизвикувајќи пожар во нафтената рафинерија Новошахтинск, која во неколку наврати беше цел на Украина. Најмалку едно лице е повредено за време на нападот, рече Сљушар. Пожарот е изгаснат рано утринава.
Meanwhile, an oil refinery in Russia’s Novoshakhtinsk pic.twitter.com/pJMwwZz8Sq
— Illia Ponomarenko 🇺🇦 (@IAPonomarenko) December 19, 2024