Украинскиот војник Миша Варварич кој минатата пролет ги загуби двете нозе и ја повреди раката кога налета на мина за време на борбена мисија во регионот на Луганск отиде во Орландо со неговата девојка Ира Ботвинска, за да му постават протеза.
Миша неодамна реши да ја запроси својата девојка, а на социјалните мрежи почна да кружи видео од емотивниот момент.
Меѓу оние кои го споделија видеото е и украинската активистка Олена Халушка, која на својот Твитер профил објави трогателна порака.
„Љубовта ќе победи, Украина ќе победи! Нашиот бранител, падобранец, ја запроси својата девојка. Таа му помогна во најтешките моменти. Минатиот јуни тој ги загуби двете нозе на дело. Тие се вистинска инспирација”, напиша таа во објавата што собра речиси половина милион прегледи.
View this post on Instagram