(ВИДЕО) Украински напад со беспилотни летала врз Русија, гаѓана е и Москва – една жена загина

by Fokus

Во текот на изминатата ноќ Украина изврши масовен напад со беспилотни летала на неколку руски региони, вклучувајќи ги Брјанск, Москва, Тулск, Калушка, Белгородск, Курск, Ориолск, Воронежск, како и Краснодарскиот крај.

Киев Индипендент објави дека руското Министерство за одбрана тврди дека системите за противвоздушна одбрана собориле 144 украински беспилотни летала, што може да значи дека ова е еден од најголемите напади со беспилотни летала од почетокот на војната.

Се наведува дека 72 беспилотни летала биле соборени над регионот Брјанск, што е најголема поединечна бројка, додека 20 беспилотни летала се уништени над Московската област, а 14 беспилотни летала над регионот Курск.

Гувернерот на Московската област Андреј Воробјов објави дека 46-годишна жена е убиена во воздушен напад врз градот Раменскоје, а уште тројца цивили се ранети.

Тој град се наоѓа на 46 километри југоисточно од Москва.

Киев Индипендент наведува дека украинските власти се уште немаат објавено соопштение во врска со овој напад.

Се дознава дека синоќа половина час по полноќ по локално време жителите на Брјанската област почнале да објавуваат видеа од експлозии на социјалните мрежи.

Подоцна во текот на ноќта, градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, исто така објави дека над московскиот регион биле соборени повеќе од десет дронови додека се движеле кон руската престолнина.

Тој најави дека итната помош реагирала на пожарот кој ги зафатил 11 и 12 кат од станбена зграда во зградата Раменскоја.

Остатоците од уништените дронови се пронајдени и во близина на меѓународниот аеродром Жуковски, на околу 36 километри југоисточно од Москва.

Се наведува дека поради нападот до седум часот утринава на аеродромот Внуково биле одложени над 30 меѓународни и домашни летови.

Поврзани новости