По напад на украинско беспилотно летало, избувнал пожар во складиште за гориво во Ростовската област, но нема повредени, соопшти денеска гувернерот на тој регион Василиј Голубев.
„Во областа Каменски избувна пожар во складиште за гориво по напад со дрон, но нема жртви“, напиша Голубев на својот канал на Телеграм и додаде дека нема опасност пожарот да се прошири на станбените згради, пренесува ТАСС.
Another oil depot on fire in Rostov Region after UAV attack
An oil storage depot near the village of Molodezhny in the Kamensky district is on fire.
Drones are also reported to have attacked an ammunition depot in the Voronezh region. The governor said there was a fire “near… pic.twitter.com/d3wnyZF7IS
— NEXTA (@nexta_tv) August 28, 2024
Гувернерот на Ростовската област претходно објави дека околу 03:00 часот по московско време биле соборени четири дронови во Ростовската област и осум над Воронежската област.
It is beautiful, Rostov region, state reserve. pic.twitter.com/PQXVrLyx0U
— Mykola Pastux (@mykolapastux) August 28, 2024