Во текот на ноќта, Русија изврши масовен напад на повеќе од половина Украина, а Украина со беспилотни летала ги нападна градовите во јужниот руски регион Саратов. Оштетени се неколку високи станбени згради, а неколку луѓе се повредени, соопштија локалните власти.
"Holy shit! Lucky you!"
Meanwhile, in Russia, a drone crashed into a high-rise building and completely destroyed an apartmentRussian media reports that the drone hit the 28th floor of the "Volga Sky" building in #Saratov. One apartment was completely destroyed, and another one,… pic.twitter.com/H2VlZTOroT
— Bill (@bill_bull_bill) August 26, 2024
Русија објави дека Украина со беспилотни летала погодила неколку згради во Саратов.
Украина допрва треба да даде официјална изјава за тврдењата, но се појавија снимки кои го покажуваат моментот кога беспилотно летало удри во висококатница во Русија.
Руските власти соопштија дека неколку лица се повредени.
„Системите за противвоздушна одбрана соборија беспилотни летала рано утринава“, напиша на Телеграм гувернерот на регионот Саратов Роман Бусаргин.
Градовите Саратов и Енгелс се наоѓаат покрај реката Волга, на околу 730 километри југоисточно од Москва. Летовите на регионалниот аеродром, кој се наоѓа северно од главниот град, утрово беа привремено ограничени.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека нивните сили за воздушна одбрана пресретнале девет беспилотни летала во регионот на Саратов во текот на ноќта.