(ВИДЕО) Украинската амбасадорка во САД се фати за глава

by Фокус

Амбасадорката на Украина во САД, Оксана Маркарова, се фати за глава откако украинскиот претседател Володимир Зеленски одби да го потппише Договорот за минералите со Доналд Трамп на денешниот состанок во Белата куќа.

Состанокот меѓу Зеленски и Трамп заврши предвреме и имаше нервозни и тензични изјави. По состанокот Зеленски сепак им се заблагодари на САД велејќи дека на Украина работи за праведен мир.

- Advertisements -

Трамп на социјалните мрежи напиша дека Зеленски може да се врати „кога ќе биде спремен за мир“. Повеќе европски лидери му порачаа на Зеленски дека Украина не е сама по неуспешниот состанок со Трамп.

Поврзани новости