(Видео)Украина почна со офанзива, тешки борби во Запорожје

by Fokus

Руски официјални лица и воени блогери објавија дека во текот на ноќта се воделе тешки борби во клучниот регион Запорожје, на југот на Украина.  Напади има во Бахмут, Доњецк и Запорожје, изгледа дека Украина напаѓа на повеќе фронтови, пишува  Би-Би-Си.

Тие велат дека украинските војници се обидуваат да напредуваат јужно од градот Орехово, каде заменик-министерката за одбрана на Украина Хана Малиар вчера изјави дека непријателот е во „активна одбрана“.

Украинската војска најверојатно ќе се фокусира на Запорожје во обид да го врати пристапот до Азовското Море и да ги подели окупаторските руски сили во регионот, рекоа воени аналитичари. Стратешката важност на Запорожје е јасна по руската окупација на источното крило на Украина, која се протега сè до Крим.

Тоа ќе ги ослаби нивните борбени способности и ќе го елиминира копнениот мост кон Крим, јужниот украински полуостров илегално анектиран од Русија во 2014 година.

Украинската армија соопшти дека во текот на ноќта соборила десет руски беспилотни летала, како и четири крстаречки ракети.

Забележано е и дека два руски проектили погодиле цивилен објект во централна Украина. 

Шефот на руската област Белгород, Вјачеслав Гладков, објави дека украинските сили во текот на ноќта ја гранатирале областа, а најмалку три лица се повредени.

Руските војници кои се борат против анти-путиновите борци, кои минатата недела упаднаа во рускиот регион Белгород на границата со Украина се пожалија дека „цели полкови се збришани“.

Украинскиот претседател Зеленски, пак тврди дека руските сили ја гранатираат украинската армија која се обидува да го евакуира населението погодено од бранот поплави по кревањето во воздух на браната во хидроцентралата Каховка.
Украинската офанзива, за која медиумите тврдат дека е веќе започната, продолжува со полна сила во правец на Доњецкиот фронт, а Русите тврдат дека таа веќе е неуспешна.

 

 

 

Поврзани новости