Руското Министерство за одбрана на Телеграм објави дека нејзините системи за противвоздушна одбрана рано утринава уништиле пет проектили и 29 беспилотни летала лансирани од Украина кон цел во Краснодар.
Гувернерот на Краснодар, Вениамин Кондратиев, на Телеграм изјави дека остатоците од падот на дрон предизвикале пожар во складиште за нафта во областа Темрјук, оштетувајќи неколку цистерни полни со гориво.
„Пожарот во меѓувреме е изгаснат“, рече тој.
Overnight, Ukrainian UAVs attacked an oil depot in the Temryuk district in the Krasnodar Krai. It is reported that 3 tanks are on fire. The governor reports that the fire has been assigned a high category of complexity. pic.twitter.com/QwIm6mkhuZ
— NOELREPORTS 🇪🇺 🇺🇦 (@NOELreports) May 31, 2024
Две лица се здобиле со полесни повреди како резултат на нападот на магацинот, изјави на Телеграм началникот на областа Темрјук во Краснодарскиот крај. Руското Министерство за одбрана соопшти дека нивните сили во текот на ноќта собориле и едно беспилотно летало над регионите Воронеж, Белгород и Тамбов.
Украинската морнарица со ракети Нептун погоди складиште за нафта во рускиот регион Краснодар, потврди украинскиот Генералштаб. Киев рече дека таргетирањето на руската енергетска, воена и транспортна инфраструктура ги поткопува севкупните воени напори на Москва.