614
Вчерашното невреме што го зафати грчкиот полуостров Халкидики траеше само дваесетина минути, меѓутоа направи огромни матерјални штети, 108 луѓе се повредени, а седуммина го загубија животот.
Серија фотографии и видеа што циркулираат на фејсбук сведочат на стравичноста на невремето, а едно од нив покажува како удира гром.
Како што може да се види, по ударот на громот настанува целосно затемнување.