Полицијата се уште трага по напаѓачот, кој синоќа во Брисел уби двајца Швеѓани, а еден рани.
Според информациите, се работи за Абдесалем Ласуд (45) од Тунис, кој живеел во населбата Шарбек, нелегално престојувал во земјава и на полицијата и бил познат по сомнителни дејствија, нелегален престој и трговија со луѓе.
Пребаран е и станот во кој живеел осомничениот, но таму не е пронајден никој.
Нивото на закана во главниот град на Белгија е подигнато на највисоко ниво и постои „сериозна закана“ во остатокот од земјата.
Федералниот обвинител потврди дека напаѓачот отворил оган врз луѓето откако излегле од таксито. Ги бркал во зградата. Две лица загинаа. Еден од нив има шведско државјанство, другиот е со шведско потекло, но имал и швајцарски пасош и можеби има двојно државјанство. Трето лице, исто така од шведска националност, е тешко повредено и се наоѓа во болница.
En direct de Bruxelles, yser pic.twitter.com/w9jNKWEnkP
— 𝑫𝒐𝒖𝒂𝒂. 🇲🇦 (@bonnetsLv) October 16, 2023
Жртвите ги носеле дресовите на шведската фудбалска репрезентација.
Околу времето на нападот, некој што се претставува како сторител објави видео на социјалните мрежи во кое на арапски се вели дека „убил тројца Швеѓани“ (во реалноста, двајца беа убиени, а еден е тешко повреден). На социјалните мрежи, две имиња се поврзуваат со мажот – тој се нарекува себеси Слеј С., иако неговото вистинско име е Абдесалем Л. На видеото, мажот носи иста портокалова јакна како и насилникот и изгледа како да оди по улица. Тој гледа наоколу, го кажува своето име и се нарекува себеси „воин на патот кон Алах“. „Живееме по патот на нашата вера и умираме по патот на нашата вера“, вели тој во видеото и повторно го повторува своето име и вели: „Убив тројца Швеѓани, слава на Аллах“.
Белгискиот премиер Александар Де Кро на прес-конференција изјави дека убиецот конкретно ги таргетирал шведските навивачи. „Тоа беше единствениот мотив, се чини“, додаде тој.
„Нашите мисли се со семејствата и пријателите на жртвите, ја споделуваме вашата болка“, рече Де Кро.
„Терористите сакаат да создадат поделби во нашите слободни општества. Но, тие мора да разберат дека никогаш нема да успеат. Тероризмот никогаш нема да не победи и ние ја водиме оваа борба заедно со нашите шведски пријатели“, вели Де Кро.