ВИДЕО Убиени осум жени во салони за масажа во САД, осомничениот е уапсен

by Fokus

Најмалку осум лица се убиени во три престрелки во југоисточниот дел на САД. Пукањето се случило вчера во салони за масажа во градот Атланта и околината, јавуваат американските медиуми. Осомничениот е уапсен. Неговото име е Роберт Арон Лонг и има 21 година.

Првото пукање, во кое биле убиени четири лица, а биле ранети две, се случило попладнето во салон за масажа на околу педесет километри од Атланта, најголемиот град во сојузната држава Џорџија, пренесува Си-Ен-Ен.

Набргу потоа, во уште две пукања во Атланта, исто така, биле убиени четири лица во два салони за масажа.

Жртви на двете пукања се жени, наводно со азиско потекло.

 

Поврзани новости