(Видео) Убиен син на хрватски пејач во Еквадор, во него пукале од мотор во движење

by Fokus

Хрватскиот државјанин Томислав Зеленчиќ (48) е убиен во вторник, на 26 ноември, во населбата Ѓокај, во центарот на градот Манта во Еквадор, јавуваат локалните медиуми.

Зеленчиќ, кој живеел во овој град повеќе од десет години, се движел по тротоарот во близина на неговата куќа, кога напаѓачите на мотор испукале четири куршуми кон него. Нападот се случил околу 10 часот.

Тешко ранетиот Зеленчиќ бил пренесен во блискиот здравствен дом, но неколку минути по пристигнувањето починал.

Агенти од Националната агенција за истраги на криминал пристигнаа на местото на злосторството за да соберат докази и да започнат истрага. Еквадорските медиуми потсетуваат дека Зеленчиќ во 2016 година поднел жалба за грабеж, но случајот бил решен мирно.

Според информациите на „Јутарњи лист“, Зеленчиќ е син на легендата на локалното пеење и основач на групата „Задар експрес“, Инослав Ино Зеленчиќ.

Томислав пред неколку години се преселил во Панама, каде работел на рибарски чамци, а потоа се преселил во Еквадор.

Мотивот за овој вооружен напад се уште не е познат, а властите не најавуваат апсење на осомничените.

Ова убиство е 292-ро по ред регистрирано годинава во областа Манта-Монтекристи-Харамијо во Еквадор.

Поврзани новости