Синоќа пред дуелот од третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите меѓу Динамо и АЕК дошло до голем конфликт во кој загина еден навивач.
УЕФА претходно ги забрани гостинските навивачи за да се избегнат инциденти, но вчера вечерта имаше премногу страшни сцени.
Според информациите од грчкиот портал „Спорт24“, хрватски навивачи убиле 22-годишен навивач на АЕК.
Поголема група „Бед Блу Бојс“ успеала да влезе во Грција, а конфликтот се случил во Нова Филаделфија, делот од градот каде што се наоѓа стадионот на АЕК.
Според грчките медиуми тоа било вистинска улична војна, каде навивачите од двата фудбалски клуба се тепаат со шипки. Уапсени се 96 лица, а во инцидентот е повредено и 12-годишно девојче, кое се нашло во близина на настанот. .
08.08.2023, Street fight, AEK Athens🇬🇷 (from left) vs BBB (Dinamo Zagreb, right🇭🇷) https://t.co/Fjy3xrlEmQ pic.twitter.com/TINYrMUYDP
— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) August 7, 2023