Белгиската полиција денеска го уби осомничениот за синоќешниот напад во Брисел. Тој бил застрелан и ранет додека седел во кафуле, подоцна починал во болница, пренесуваат белгиските медиуми.
Вооружениот напаѓач во терористички напад со автоматска пушка во Брисел уби двајца шведски навивачи.
Вознемирувачко видео снимено од случајни минувачи, наводно, покажува вооружен маж на мотоцикл како демне луѓе и пука во нив јавно, додека други слики кои кружат на интернет покажуваат тело на едно лице во такси.
Hallucinante beelden! Sta je ergens enkele minuten verkeerd geparkeerd heb je gegarandeerd een boete, maar een moslimterrorist kan zonder enig probleem op straat rustig zijn wapen in elkaar steken en enkele proefschoten lossen. 🤯 #Brussel 👇🏻 pic.twitter.com/4OugQZ9cGm
— Sam van Rooy (@SamvanRooy1) October 16, 2023
Идентификацијата допрва треба да потврди дека станува збор за напаѓачот, во тек се отпечатоци и идентификација. Но, голема е веројатноста дека тој е сторителот, бидејќи таму е пронајдено и оружјето со кое наводно биле извршени нападите, изјави министерката за внатрешни работи Анелизе Верлинден.
„Оружјето со кое наводно биле извршени нападите е пронајдено утрово на местото каде што е пронајден маж во Шербек. Тоа ја зголемува веројатноста дека сторителот е фатен. Сега земаме отпечатоци од прсти за да бидеме 100 отсто сигурни“, се вели во полициското соопштение.