Видео чиј автор е Диме Левов , на кое се гледа природната убавина на планината Серта пред да започне страотниот пожар, деновиве го споделуваат локалните жители на социјалните мрежи.
Видеото од недопрената природа, која сега се претври во пепел е еден вид на потсетник што изгуби Македонија, како последица на пламените јазици.
Белите дробови на Неготино, дом на разни видови на животни, но и место каде беа застапени ендемични растителни видови, локација каде граѓаните имаа свое прибежиште од асфалтот, веќе девет дена е зафатено од огнената стихија.
Според информација од терен, пожарот моментално се гаси со три хеликоптери и бројни екипи на копно. Се очекува доаѓање на допплнителна механизација, неопходна за интервенирање од копно. Моментално, на местото е присутна и претседателката Гордана Сиљановска Давкова.
Вики Клинчарова