611
Претседателот на Стопанскиот суд на Црна Гора, Блажо Јованиќ и уште десетина лица во повеќе црногорски градови се уапсени денеска по налог на Специјалниот државен обвинител, јави ТВ Вијести.
Според информациите на телевизијата, тој е осомничен дека е организатор на криминална група која во претходните години со злоупотреба на службената положба и други кривични дела ја оштетила државата за десетици милиони евра.