97
Уапсен е новинарот и сопственик на Портал Х, Фуркан Салиу за време на фудбалски натпревар во селото Коњаре.
Член на семејството на новинарот Салиу за „360 степени“ рече дека тој заедно со неговиот снимател го следел фудбалскиот натпревар при што полицијата тргнала да апси младо момче. Салиу им се спротивставил и почнал да ги прашува зошто го прават тоа, по што бил совладан и приведен, вели нашиот соговорник.
Тој во моментов е во полициска станица, но во семејството не знаат во која.
Медиуимот на Албански јазик IN7.TV објави видео, на кое може да се видат специјалци како го апсат Салиу.
Се уште нема информации која е причината за апсењето на Салиу.