Според информациите на Турската агенција за катастрофи во 19:30 часот по локално време, источниот дел на Турција бил погоден од земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтер.
Но, покрај тој земјотрес, Турција во последните часови е погодена од повеќе земјотреси над 4 степени по Рихтер.
Епицентарот на овој најголем земјотрес денеска се наоѓа на 4 километри од Донагиол и 40 километри од областа Елазиг, каде што загинаа најмалку 29 луѓе вчеравечер во силниот земјотрес од 6,9 степени.
АФАД, владината агенција за катастрофи, утрово објави на Твитер дека петмина преживеани се спасени од урнатините. Меѓу нив е и една бремена жена која била околу десет часа во урнатините, јави државната новинска агенција „Анадолија“. Беше страшно, зградата започна да се урива и ние истрчавме надвор “, изјави Мелахат Кан (47), жител на Елазиг, за АФП.
„Сега сме на фарма надвор од градот“, рече тој.
Турската телевизија објави снимка од жители како панично истрчуваат надвор од нивните згради и од зградата чиј покрив запалил.
АФАД наведува дека по земјотресот се пријавени најмалку 30 послаби земјотреси и дека повеќе од 400 спасувачки екипи се испратени на терен.