Турски пратеник вечерва доживеа срцев удар за време на парламентарна седница, среде говор за божествените казни за народот на Израел. Членот на партијата Фелисити (Саадет) Хасан Битмез падна покрај говорницата додека се обраќаше пред Големото собрание на турското национално собрание за време на расправата за буџетот.
Turkish MP threatens violence against Israel saying the Jewish state will suffer the ‘Wrath of Allah.’
Moments later he has a heart attack and collapses.
— Oli London (@OliLondonTV) December 12, 2023
– Нема да избегате од Алаховиот гнев – рекол Битмез (54) неколку моменти пред да се онесвести и да ја удри главата на подот.
Неговите колеги веднаш скокнале да интервенираат и да му пружат лекарска помош. Според информациите, Битмез имал дијабетес.
Извештаите укажуваат дека доживеал срцев удар и е во критична состојба. Тој бил пренесен во локалната болница на носилки за брза помош.
Турскиот министер за здравство Фахретин Коџа напиша на мрежата Х, поранешна Твитер, дека Битмез се „дезориентирал“ за време на неговиот говор. Тој им рече на новинарите дека Битмез моментално се лекува на одделот за интензивна нега на градската болница во Анкара, Билкент.
TBMM Genel Kurulundaki konuşması sırasında rahatsızlık geçiren Saadet Partisi Kocaeli Milletvekili Sn. Hasan Bitmez’in sağlık durumunu yakından takip ediyorum. Kendisi şu anda Ankara Bilkent Şehir Hastanesinde yoğun bakım servisinde tedavi altındadır. pic.twitter.com/kmTNQAgLes
— Dr. Fahrettin Koca (@drfahrettinkoca) December 12, 2023
Претседателот на Саадет, Темел Карамолаоглу, изјави за новинарите дека здравјето на Битмез е сè уште загрозено и побара молитви за негово закрепнување, според турскиот весник „Дејли Сабах“.