(Видео) ЦУК: Голем пожар на границата со Грција кај Дојран од експлозија на четири гранати

by Fokus

Голем пожар на отворено изби попладнево на границата со Грција, помеѓу Богданци и Дојран, при што експлодираа најмалку 4 гранати од Првата светска војна.

Ова попладнево го објави директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов кој се упати на местото на пожарот. Тој рече дека огнот се раширил во атарот на селото Селемли, но преминува преку фронтот на Првата светска војна – линија на која има заостанато многу мински неексплодирани средства.

„Во текот на овие два часа, слупшнати се четири силни екслпозии. Не е безбедно пожарникарите да се доближат до него. Пожарот е изгаснат само на еден крак каде што беше безбедно пожарникарите да пријдат. Остатокот се гаси со ертрактори кои ќе продолжат да дејствуваат“, рече Ангелов.

Тој рече во еден дел пожарот се префрлил и во Грција и дека навреме се известени нивните грчки колеги за да можат да почнат со гасење.

 

Поврзани новости