Црногорскиот фудбалер Милутин Осмајиќ беше главен актер на натпреварот помеѓу Престон и Блекбурн.
Во дуел каде немаше голови, беа забележани многу груби прекршоци кои беа санкционирани со два црвени картони.
И покрај се, потегот на Осмајиќ го одбележа натпреварот.
Preston’s Milutin Osmajic going all Luis Suarez as he appears to bite Blackburn’s Owen Beck today.
Get got a yellow card.pic.twitter.com/ZTmpsNqox4
— Kyama (@ElijahKyama_) September 22, 2024
Осмајиќ сакаше што поскоро да го изведе слободниот удар, а противничкиот фудбалер Овен Бек, кој заработи црвен картон за остар старт, го оневозможуваше во тоа.
Фудбалерот од Никшиќ се изнервира и го гризна противникот за врат.
Осмајиќ успеа да помине без картон иако Бек неколкупати на судијата му покажуваше дека е гризнат.
Осмајиќ на овој начин потсети на легендарниот Уругваец – Луис Суарез, кој неколку пати во кариерата имаше вакви испади на теренот, забележителни се оние против Џорџо Киелини и српскиот фудбалер Бранислав Ивановиќ.