Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска преку видео порака ја честиташе Новата година со желби секој да биде уште подобар и да верува во своите соништа бидејќи, како што вели, соништата носат подобро утре.
Во видео пораката, Царовска вели дека годината што измина била посебна за неа, но и за семејствата на кои им била потребна поддршка.
– Новогодишните желби не инспирираат, не мотивираат да бидеме подобри и да дадеме повеќе од себе. Секој ден е ново достигнување и нов предизвик. Со предизвици беше исполнет и изминатиот период, вели Царовска, додавајќи дека за постигнатото заслужни се луѓето кои работеле да се донесат законите, да се направат исплатите и да функционира системот со што покажале дека навистина им служат на граѓаните.