Три лица загинаа откако два противпожарни хеликоптери се судрија вчера во Јужна Калифорнија додека гаснеа пожар во округот Риверсајд, соопштија службите за вонредни состојби. Еден од хеликоптерите од несреќата слетал безбедно, пишува АП.
„За жал, вториот хеликоптер се урна и трагично загинаа сите тројца членови на екипажот, вклучително и шефот на противпожарната служба во Калифорнија, пожарникар и пилот“, изјави Дејвид Фулчер, шеф на противпожарната служба во Калифорнија, за време на денешната прес-конференција.
Фулчер не го откри идентитетот на загинатите. Пожарникарите од Калифорниската пожарна и округот Риверсајд, кои реагираа на пожарот во неделата во близина на раскрсницата на улицата Бродвеј и авенијата Јужна Ронда во заедницата Кабазон.
Пожарот се проширил на вегетацијата, па на помош на пожарникарите им дошле два противпожарни хеликоптери. Хеликоптерите се судриле додека го гаселе пожарот. Несреќата предизвикала уште еден пожар кој зафатил четири хектари. Тој пожар беше изгаснат.
„Иако ова беше трагичен настан, благодарни сме што не беше полошо. Екипажот на еден хеликоптер можеше безбедно да слета без инциденти и без повреди“, рече Фулчер.
Несреќата ја истражува Националниот одбор за безбедност на транспортот.