(ВИДЕО) Тројца убиени во кафуле во Истанбул – две групи дошле да се помират, па избил вооружен конфликт

by Fokus

Вечерва имало пукање во кафе-слаткарница во Истанбул, во кое има мртви и ранети.

Според турските медиуми, загинале три лица, а петмина се повредени.

Информациите се дека две ривалски групи се сретнале во кафулето, за да се обидат да го израмнат меѓусебниот конфликт, но дошло до расправија која прераснала во вооружен судир.

Престрелката била во областа Ускудар.

Поврзани новости