Полицијата во Торонто денеска соопшти дека верува оти напаѓачот кој уби маж и жена е убиен во пукање во канцелариски простор во близина на дневен престој и училиште во северен Јорк.
Инцидентот се случил во фоајето на зградата во понеделникот, јавува CTV News.
Зборувајќи за медиумите, детективот Алан Бартлет рече дека полицајците влегле во зградата и пронашле двајца мажи и една жена и верувале дека еден од мажите е убиецот.
Тој изјави дека се уште е рано да се каже каква врска можеби имало меѓу убиените, но најверојатно дошло до расправија за пари, што потоа довело до трагедијата.
Графичкиот дизајнер и фотограф, Шархох Бинијаз, чие студио се наоѓа во ходникот во близина на местото на пукањето, рече дека слушнал истрели и луѓе кои се расправаат.
Бинијаз и другите на местото на настанот идентификуваа една од жртвите како локален брокер по име Араш Мисаги.
Се очекува градинката денеска да работи редовно, а истрагата, како што е најавено, се уште е во тек.