5
Тркало излета од службениот автомобил на српскиот претседател Александар Вучиќ, додека тој се движел кон Мокрин, пренесуваат српските медиуми.
За малку беше избегната трагедија кога возилото во кое се наоѓаше претседателот очигледно удрило во специфична пречка на патот, поради што тркалото паднало.
— AMiros (@miros_an27575) February 8, 2025
Со оглед на фактот дека во возилото бил претседателот Вучиќ, важно е да се спроведе сеопфатна истрага за овој опасен инцидент.
Органите на редот излегоа на местото на настанот и истрагата е во тек.
Инцидентот се случил на патот, додека претседателот патувал од една до друга локација за време на неговата обиколка на Банат.