861
Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, Цветан Трипуновски денеска беше во ненајавена посета и контрола на Подрачната единица на МЗШВ во Берово. Со себе тој носеше и човек да го снима целиот процес.
Влезе во една канцеларија и ги прашуваше вработените за имињата, а потоа го побара и раководителот. Тој го праша што значи снимањето, а Трипуновски му одговори дека тој е заменик-министер и тој го нарачал снимањето.