(Видео) Трипуновски: Граѓаните на Македонија пијат увозно млеко бидејќи власта го уништи сточарството

by Fokus

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска го посети велешкиот регион на средби со земјоделците од овој крај.

Тој рече дека Македонија е се повеќе увозно зависна од млеко.

„Само за споредба ако во 2016 година сме имале над 132 илјади молзни крави, таа бројка во 2022 година изнесува некаде помалку од 97 илјади што е сериозно намалување на молзни крави“ изјави Трипуновски.

Тој дополни дека во 2016 година се произведувале околу 403 милиони литри млеко, а во 2022 година таа бројка била под 300 милиони литри млеко.

„Причините за оваа лоша ситуација се лошите политики на Власта, задоцнетите мерки кои што немаат никаков ефект и само се намалува сточниот фонд во Република Македонија. Сведоци сме дека земјоделците ширум Република Македонија постојано се жалат за задоцнети субвенции за литар млеко, задоцнети субвенции за грло, немањето на огласи наменски земјоделско земјиште наменети точно за сточарите и сите оние мерки кои што дозволуваат трговците се повеќе да увезуваат млеко.

Она што сакам да го упатам како апел до сите сточари во Република Македонија е дека за неколку месеци од сега доаѓаат сериозни политичари, сериозна Влада која што преку конкретни мерки и проекти ќе покаже и ќе докаже како се води грижа за македонските земјоделци! – заврши Трипуновски.

Поврзани новости