983
„Green walls, black food“ или во превод „Зелени ѕидови, црна храна“ е насловот на документарниот филм за студентскиот дом „Гоце Делчев“, кој ги прикажува условите во кои живеат студентите во овој дом. Режисерка на филмот е студентката по Филмска и ТВ монтажа при Факултетот за драмски уметности, Сандра Ѓоргиева, која две години живее во „Гоце Делчев“.
„Green walls, black food“ својата премиера ја доживеа во рамки на шестото издание на Интернационалниот фестивал за креативни документарни филмови „МакеДокс“.
Во продолжение, официјалниот трејлер за филмот:
GREEN WALLS, BLACK FOOD (teaser) from Sandra Gjorgieva on Vimeo.