(ВИДЕО) Трамп со идеја како да се неутрализира Путин

by fokus

Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп во телефонско вклучување на телевизија Фокс даде идеја како тој би го решил проблемот со Русија доколку тој е претседател.

Според неговата идеја, Америка треба да му се закани на Путин дека ќе испрати нуклеарни подморници долж брегот на Русија.

Во гостувањето Трамп наместо „нуклеарно оружје“ го употребуваше изразот „н-зборот“ (the n-word), израз кој се користи како замена на навредливиот збор за афроамериканското население.

 

Поврзани новости