Поранешниот американски претседател Доналд Трамп е снимен во вознемирувачко издание, едвај оди и се тетерави.
Дел од американските републиканци се собраа во групата „Републиканците против Доналд Трамп“, а се доста активни на социјалните мрежи и коментираа дека е крајно време за помлади луѓе во американската политика.
„Тоа што го оставија овој стар и слаб човек да се кандидира за претседател е чиста злоупотреба на старци“, велат во описот на видеото објавено на „Х“.
The fact that they let this old and frail man run for president is straight-up elder abuse.
pic.twitter.com/244rioy65x— Republicans against Trump (@RpsAgainstTrump) January 14, 2024
Се нарекуваат себеси „продемократски конзервативни републиканци кои се борат против Трамп и „Трампизмот“, а на истоимениот профил што го лансираа на „Х“, „Републиканците против Трамп“ споделуваат содржини во кои се обидуваат да објаснат на јавноста зошто не би било добро Трамп уште еднаш да дојде на претседателската позиција и да се кандидира на изборите пред Републиканската партија.
Трамп беше еден од најгласните критичари на Бајден кога тврдеше дека е премногу стар за претседателската функција.