За време на состанокот со британскиот премиер Стармер во Белата куќа, Трамп се соочи со непријатно прашање од новинар за неговите претходни изјави во врска со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Новинарот го потсети Трамп на неговите минати тврдења во кои тој го нарече Зеленски диктатор, барајќи појаснување во светлината на тековните преговори меѓу САД и Украина. Тој го праша Трамп дали сè уште мисли дека Зеленски е диктатор.
Reporter: Do you still think that President Zelensky is a dictator?
Trump: “Did I say that? I can't believe I said that"
(yes, he did, more than once) pic.twitter.com/QcnGOpOKJG— Republicans against Trump (@RpsAgainstTrump) February 27, 2025
„Дали го кажав тоа? Не ми се верува дека го кажав тоа. Следно прашање“, беше одговорот на Трамп.
Доналд Трамп го нарече Зеленски диктатор на 19 февруари, пред помалку од десет дена.
„Неизбран диктатор, Зеленски, подобро побрзај или повеќе нема да има земја“, рече тогаш Трамп. Ова го кажа на митинг, а потоа го објави на својата социјална мрежа True.
Во меѓувреме, Трамп преговараше за договор за ретки минерали со Украина, а Зеленски денеска пристигнува во САД. Тој утре треба да потпише договор со Трамп.
Пред неколку дена Трамп беше прашан дали рускиот претседател Владимир Путин е диктатор, на што тој одговори: „Не го користам тој збор лесно“.