Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп одржа митинг во градот Батлер во американската сојузна држава Пенсилванија, на местото каде што преживеа обид за атентат на 13 јули.
Од митингот Трамп ги повика своите поддржувачи да му донесат победа на изборите.
„Пред 12 недели сите примивме куршум за Америка. Се што барам е сите да излезат и да гласаат. Мораме да победиме“, рече Трамп, пренесува АП.
President Trump got the richest hype man in history in Elon Musk absolutely fcken legendary #DarkMaga #Butler pic.twitter.com/dObJnqI9q4
— Politi_Rican 🇵🇷 𝕏 🇺🇸 (@TheRicanMemes) October 5, 2024
Стоејќи зад непробојно заштитно стакло, тој го нарече својот атентатор „малигно чудовиште“ и додаде дека неговиот план пропаднал благодарение на „Божјата волја и благодат“.
Еден од гостите на митингот на Трамп во Батлер беше милијардерот Илон Маск, извршен директор на SpaceX и Tesla и сопственик на платформата X, порано Твитер. Маск се појави на говорницата откако Трамп го претстави како „голем господин кој ја спасил слободата на говорот“.
„Претседателот Трамп мора да победи за да го зачува нашиот Устав. Мора да победи за да ја зачува демократијата во Америка“, рече Маск, кој го поддржа републиканскиот кандидат по обидот за атентат и активно ги финансира предизборните активности во неколку клучни американски држави.
На изборите пред четири години, Трамп загуби во Пенсилванија, клучна држава за претседателските избори во САД.