0
Американскиот претседател Доналд Трамп во своето обраќање на Светскиот економски форум во Давос му порача на остатокот од светот дека ако не ги произведуваат своите производи во САД, ќе се соочат со царини во вредност од „трилиони долари“.
Тоа би значело воведување на универзални тарифи, од кои многумина стравуваат, а кои би влијаеле на целиот свет.
„САД ќе бидат светска престолнина на вештачката интелигенција и криптовалутите… Дојдете и правете ги вашите производи во Америка, но ако не, тоа е ваша одлука. Но, многу едноставно, ќе плаќате тарифи во различни износи, што ќе насочи стотици милијарди, „дури и трилиони долари во нашата каса“, рече Трамп, директно обраќајќи им се на елитите во Давос и нивните најголеми грижи.