Американскиот претседател Доналд Трамп купи Tesla Model S.
Трамп објави видео на кое се гледа како влегува во црвен автомобил Тесла пред Белата куќа.
„Ох, прекрасно. Леле“, рече Трамп додека влегуваше во моделот S.
Покрај автомобилот беше и сопственикот на Tesla и шеф на Канцеларијата за владина ефикасност на Трамп, Илон Маск.
При предавањето на автомобилот на Трамп, Маск рече дека Tesla ќе го удвои производството на возила во САД во следните две години, нагласувајќи дека оваа одлука е резултат на „големите политики на претседателот Трамп и неговата администрација“.
„Како чин на вера во Америка, Tesla ќе го удвои своето производство на возила во САД во рок од две години“, напиша Маск.
Трамп утрово рече дека ќе купи нов автомобил Tesla за да му покаже поддршка на извршниот директор и сојузник на компанијата Илон Маск, поради неодамнешните протести наречени „Tesla Takedown“ и драстичното опаѓање на цената на акциите на компанијата.