433
Претседателот на САД, Доналд Трамп започна кампања за следен претседателски мандат во Флорида ветувајќи ѝ на нацијата нешто што никој не го ветил досега.
-Ќе ги поместиме границите на медицината, ќе излеземе со лекови за многу проблеми и болести, вклучувајќи го и ракот и другите болести. Ќе ја истребиме сидата во Америка засекогаш, кон тоа сме многу близу. Ќе поставиме основи за слетување на Марс – рекол Трамоп на час и половина долгиот митинг во Центарот „Амвеј“ во Орландо.
-Овие избори ќе бидат пресуда за тоа дали ќе живееме во држава каде луѓето ги губат изборите, одбиваат да го признаат тоа и поминуваат две години обидувајќи се да го уништат нашиот Устав и да ни ја искинат земјата – порачал тој алудирајќи на извештајот на Милеровата комисија.
-Го поминавме ловот на вештерки во политичката историја. Сето тоа беше нелегален обид за поништување на резултатите од изборите – додал Трамп.