Американскиот претседател Доналд Трамп го помилува поранешниот гувернер на Илиноис, Род Благојевич, демократ кој одлежа осум години затвор под обвинение за корупција пред Трамп да му ја ублажи казната за време на неговиот прв мандат.
Трамп го потпиша помилувањето во Овалната соба. Toj го опиша Благојевич како „многу фина личност“ и рече дека е време „да се остави поранешниот функционер на Демократската партија да живее нормален живот“.
„Тоа беше ужасна неправда на некој начин. Тие само го бркаа. Тие се лоши луѓе, онаа другата страна“, рече Трамп, според Си-Ен-Ен.
Во таа прилика тој одговори и на прашањето дали го планирал како амбасадор во Србија.
„Не, но би сакал. Тој е почист од кој било во оваа соба сега“, рече Трамп.
Благојевич (68) беше осуден на 14 години затвор по низа обвиненија за корупција, вклучително и изнуда поврзана со владини средства за детска болница, како и обид за продажба на испразнетото место на Барак Обама во американскиот Сенат во 2008 година.
Поранешниот гувернер беше сменет од функцијата во 2009 година, а затворската казна почна да ја отслужува во 2012 година.
Трамп и Благојевич, кои се познаваат повеќе од една деценија, се зближија во годините откако Трамп ја ублажи казната, според Си-Ен-Ен.
Благојевич се појавуваше на некои настани од кампањата на Трамп во последниве години, а повремено се среќаваше со него на неговиот имот Мар-а-Лаго на Флорида, додаде американската телевизиска мрежа.
Род Благојевиќ, кој е близок соработник и пријател на Доналд Трамп, ќе биде новиот амбасадор на САД во Србија, дознава Телеграф.рс од извори блиски до дипломатски кругови.
Род Благојевич е роден во Чикаго во 1956 година. Дипломирал на Универзитетот Нортвестерн во 1979 година и завршил правен факултет на Универзитетот Пепердајн во 1983 година. Помеѓу 2003 и 2009 година, тој беше гувернер на Илиноис. Пред тоа, тој беше претставник од Чикаго во Конгресот на САД. Благојевич е втор гувернер на американска држава со српско потекло (првиот беше Џорџ Војновиќ од Охајо).