(ВИДЕО) Трамп го имитираше Бајден: „Не знае да се симне од сцената!“

by fokus

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп за време на митинг го имитираше актуелниот претседател Џо Бајден кој во една прилика се изгуби на сцената.

-Мислам, еј, човекот не може да се симне од сцената. Видете, еве ја бината. Никогаш порано не сум ја видел оваа глупава бина. Но, ако одам лево, има скали, а ако одам десно, има скали. И ликот се збунува и вели „каде сум јас? Страшно, рече Трамп на овации и смеа од толпата и го имитираше Бајден.

Бајден, кој е најстариот американски претседател, има 80 години и се кандидира за втор мандат. Трамп има 77 години.

Поврзани новости