(Видео)Трамп честеше во кубански ресторан во Мајами откако се изјасни за невин

by Fokus

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп вчера го напушти федералниот суд и отиде директно во култниот кубански ресторан во Мајами, Версај, каде се понуди да купи храна за сите и ги слушаше луѓето како му пеат „Среќен роденден“.

Трамп кој денес полни 77 години, се молеше со верските водачи, се фотографираше со борецот за мешани боречки вештини Хорхе Масвидал и ја искина „владата која е надвор од контрола“, пишува “Дејли мејл“

‘Храна за сите!’ , извика Трамп во познатиот ресторан, откако се изјасни за невин по 37 федерални обвиненија поврзани со неговото лошо ракување со доверливи документи.

Но, тој ја истури својата фрустрација среде пеењето. „Некој роденден. Добивме влада која е надвор од контрола“, негодуваше Трампп.

„Мислам дека оди одлично“, рече тој додека се пробиваше низ поддржувачите на денот кога беше уапсен и стана првиот претседател што се појави пред судија обвинет за федерално кривично дело.

„Мислам дека тука е наместена зделка“, додаде тој. „Ќе одржам мал говор вечерва во Бедминстер и се надевам дека ќе бидете таму“, рече Трамп.

И Трамп и неговиот помошник Волт Наута беа обвинети во шема за чување доверливи документи во Мар-а-Лаго. Наута одеше покрај Трамп во Версај.

Поврзани новости