144
Трагедија се случи кога пет деца загинаа во пожар во куќа во северозападна Аризона. Според информациите, децата биле сами дома.
Жестокиот пожар избувнал околу 17 часот во саботата и жртвите не можеле да излезат од двокатниот дуплекс во заедница, во близина на реката Колорадо.
Децата биле на возраст од 2, 4, 5, 11 и 13 години, а нивните имиња се уште не се соопштуваат.
Пожарникарите брзо го прскале покривот на куќата за да го изгаснат пожарот, за кој се уште не e позната причината.
Пожарот го истражуваат градската полиција и противпожарните служби и други агенции, вклучително и Федералното биро за алкохол, тутун, огнено оружје и експлозиви.