Видео: Тодоров пред четири години ги „учеше“ пратениците Василевски и Арнаудов, како да оперираат преку видео игра

by Fokus

Екс директорот на охридската општа болница Љубен Арнаудов и доктор Сашо Василевски се двајца од седумте пратеници од ВМРО-ДПМНЕ што ја отворија вратата за на 27 април, крвавиот четврток да влезе толпата народ внатре во Собранието, кога насилници со фантомки ги нападнаа пратениците од парламентарното мнозинство.

Во видеото што пред четири години го објави Охрид1 може да се забележи дека   министерот за здравство Никола Тодоров бил во посета на охридската болница, а негови придружници се директорот Арнаудов и докторот Василевски, сега актуелни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа што беше интересно во целата ситуација, е тоа што Тодоров на лекарите им објаснуваше како може најдобро да научат да оперираат- со помош на симулатор, нешто што го пробал и самиот тој.

Тодоров ова го спореди со видео игра, но рече дека имало перфектен резултат и дека и тој се обидел да оперира преку симулаторот како би видел како работи. Со него бил и врвен хирург кој ја извел операцијата на симулаторот и изјавил дека е идентично како вистинска операција.

Поврзани новости