Најмалку шест лица загинаа, а 25 се повредени во автобуска несреќа што се случи утрово во Турција.
Според информациите од тамошните медиуми, туристички автобус од засега непознати причини се превртел и паднал во канал во Аксарај, Турција.
На местото на настанот се испратени бројни возила на брза помош, полиција и пожарникари.
📍Aksaray'da ilk belirlemelere göre 6 kişinin can verdiği, 20 kişinin yaralandığı otobüs kazasının ilk görüntüleri geldi.pic.twitter.com/ko9I4h1jWp
— 23 DERECE (@yirmiucderece) October 18, 2024
Според првичните податоци, во несреќата загинале шест лица, а 25 се повредени.
Гувернерот на Аксарај, Мехмет Али Кумбузоглу изјави дека туристичкиот автобус се движел од Балукешир кон Кападокија.
„Во оваа сообраќајна несреќа за жал загинаа шест наши граѓани. Според првите информации имаме 25 повредени лица. Покрената е истрага“, додаде Кумбузоглу.