49
Осум лица, од кои седум илегални мигранти, загинаа денеска во сообраќајна несреќа во Албанија кога возилото паднало во реката Вјоса од висина од 100 метри, соопшти полицијата.
Се претпоставува дека возилото се движело со брзина поголема од дозволената, а возачот не го познавал добро патот Келчире-Пермет, на кој се случила несреќата, пренесува „Албанска пошта“.
Порталот наведува дека има индиции дека возилото со возач Албанец кој превезувал седум илегални мигранти го бркала полицијата.
„Возачот изгубил контрола и автомобилот излетал од патот во реката Вјоса“, се додава во соопштението.