Терористички напад се случи денеска на централната автобуска станица во израелскиот град Бершеви, во кој се ранети девет лица. Напаѓачот е убиен.
Ова го објави „Тајмс оф Израел“, повикувајќи се на лекарите од итната помош кои дошле на помош на настраданите.
Mais um atentado terrorista em #Israel,
um terrorista fundamentalista islâmico assassinou um israelense e feriu sete na estação rodoviária de BeerSheva.
Jihadistas devem ser eliminados do mundo. Jihadistas são uma ameaça à humanidade. pic.twitter.com/9Xb06zLVmC— Claudia Grabois (@ClaudiaGrabois) October 6, 2024
Се наведува дека жртвите биле избодени со нож, од кои едно лице е во критична состојба и е укажана медицинска помош на лице место.
Останатите ранети се пренесени во болница со повреди од лесни до умерени.
Израелски весник наведува дека напаѓачот бил застрелан и убиен.