437
На денешната седница на Собранието на Косово дошло до физичка пресметка меѓу претставници на владејачката Самоопределување и претставници на опозициските партии.
Ситуацијата во Собранието на Косово ескалирара додека премиерот Албин Курти држел говор.
Опозициските партии цело време му се спротивставувале на премиерот Курти, нарекувајќи го „лажго“.
Како што јавуваат косовските медиуми, најпрво, пратеникот на Демократската партија на Косово, Мергим Луштаку, го испрска со вода Курти. Во тој момент се вмешале и министрите од кабинетот на Курти, а потоа ситуацијата ескалирала во физичка пресметка меѓу министрите и пратениците од опозицијата. По што претседателот на Собранието Гљаук Коњуфца побарал интевренција од полицијата.