709
Неуспех и во вториот обид за одржување на јавна расправа по предлог-ДУП-от за Трнодол, Жданец и Козле организиран од Општина Карпош кој беше закажан за денес.
Во преполната сала на месната заедница во Козле дојде до тепачка помеѓу групи на граѓани, пренесува „Мета“.
Дел од присутните изразија незадоволство што Општина Карпош го форсира донесувањето на овој ДУП со кој се предвидува зголемување на урбанизацијата, изградба на три шесткатници кај каналот за спречувањее на поплави во Трнодол и изградба на индивидуални објекти високо на Водно.